Актерот Сашо Тасевски го коментира персоналниот состав на новиот владин кабинет на Зоран Заев, со многу познати ликови што и досега беа министри.
„Најдобрата влада до сега…. За по риба. Сите нови дечки и девојки, а бе еден не познавам. Многу нè освеживте со изборов… Ко марули во декември“, вели Тасевски.
Тој реагира и за совпаѓањето на првиот работен ден на новата влада со 50. роденден на поранешниот премиер Никола Груевски.
„Ај сега. Првиот ден на новата влада на СДСМ е на роденденот на Груевски. Намерно така или случајно? Човек да не знае што да мисли. Ама не е на арно симболикава. Се молат сдсмовците кога си честитаат да нагласат за што и на кого се однесуваат честитките. На Груевски или на новата влада. Зашто има такви во СДСМ кои порано беа со Груевски. Му беа министри и функционери. Да не се збунат. Гревчиња. Кој знае колку им е тешко на душата. Сакаат да му го честитаат роденденот, а не смеат“, во свој стил коментира Тасевски.