Тасевски за Халими: Вие од СДС и ДУИ ја ставивте директорка на „Аеродроми“ за инфузии да им дава на авионите?

Актерот реагира во свој стил за именувањето на ексградоначалничката на Арачиново од СДСМ, Миликије Халими, за генерална директорка на АД „Аеродроми на Македонија во државна сопственост“ со средно медицинско образование.

„Како се станува директор на аеродром со завршено средно медицинско?

Може ова законски да се оправда?

За што децава ги праќаме на факултети?

Знае некој?

Премиере Фон Дер Таче НаК..Качен?

Вие од СДС и ДУИ ја ставивте директорка на аеродромот за инфузии да им дава на авионите?

Барем у болница да ја ставевте директор. Повеќе логика има. Малце ќе се бунеа специјалистите додуша, тие др. прим. Но, има логика.

Ама директорка на аеродром???

Сестрата ваша медицинска!!! Кого го дуп…?

Дали сте нормални?

Добро е што немаме вселенски центар или атомска централа.

Овие тачевци и ДУИ ќе ставеа на чело забен техничар или медицинска сестра.

А може и дилер ќе назначеа за директор.

Што има врска? Дополнителна дејност.

Да се обезбеди пензија утре.

Вака се бркаат паметните и образованите од една земја“, коментира Тасевски на Фејсбук.