„Село Слупчене го молеа да плати сметки за струја.
Сега Славјанка, железната леди на НАТО, го моли село Желино да дозволи да се направи споменик на загинатите македонски војници кај Карпалак, оти глупо е без дозвола од село Желино да поставиш споменик на Македонци кои загинале за Македонија.
Петровска ќе побара дозвола за изградба на споменик на загинатите во масакрот кај Карпалак
Тоа е таа успешна децентрализација по која селата се помоќни од државата.
Добро, некои села, не сите.
Без молба со печат, заверена кај нотар, ништо не правиш као држава.
Добро е само што Славјанка нема ни намера да ги замоли од петни жили, туку она, молбата беше само за вчера, колку полесно да помине јубилејот од нивната смрт и да се одглуми патриотизам на мускули.
Споменик никогаш и нема да се изгради.
Каде бе македонски споменик на територија која е плен од војната во 2001, што би рекол Груби.
Не оди тоа така. Молбата се одбива“.
Фејбук статус на актерот Сашо Тасевски
