Актерот Сашо Тасевски со уште една реакција за случувањата во и околу „Комунална хигиена“ откако беше обелоденето дека десетици вработени биуле од иста фамилија а многумина од нив земале плата и без да одат на работа.

„Роди ме мајко Дарданишта и фрли ме на буниште…пардон у Комунална…

Еве ја шансата што им ја создаде Косана. Да шутирате пенал.

Влезете сега во пошта, министерство за здравство, економија… во сите претпријатија што ги водеа ДУИ со години. Објавете ги јавно сите фамилии што ги вработувал и откази.

Така прави држава која сака да,се бори против безвластието и корупцијата.

Не да отворате устав, туку да ги отворите ко пупка далаверите на ДУИ.

До кога ќе им се плашите? Ете видовте, Косана ем жена ем не им се исплаши.Таман ви оди во прилог што и на Американциве изгледа им докурчија. Па почнаа да ги ставаат на црни листи. Да кукаат дека ни трошка немаме мрднато за подобрување во судството, иако фрлиле милијарди за тоа“ порачува Тасевски.

„И чудно…Архивата на кумановскиот суд одма се запали и изгоре“, констатира актерот на крајот на објавата.