Тасевски: Мала ви е кулата во Слупчане, дајте нешто поголемо…

„Дајте нешто поголемо, ко Ајфеловата кула, да може да се види од Грчец, Сарај и Џепчиште. Да доаѓаат туристи од цел свет да ја видат, особено борци за човекови права. Таа кула да им стане цел на нов аџилак“, реагира на Фејсбук актерот Сашо Тасевски по вчерашната церемонија на која беше свечено отворено 20 метерското здание во чест на загинатите припадници на ОНА.

„А можевте на отворањето на Кулата на У*ките да ги поканите мавровските работници за цинизмот и потсмевот да бидат комплетни.Не сум саркастичен. Напротив.
Многу ми е смешно што јавноста им замерува за Кулата на у*ките.
Толку е неважно. Тие цела држава ја киднапираа и присвоија. Најголемите македонски партии одеа кај Ахмети набаци рака за да состават влада.
Имаат повеќе министри албанци од македонци.
Добија премиер во Црна Гора албанец, како генерална проба за премиер албанец во Македонија. И тоа не вице премиер туку прима балерина премиер, еден и единствен. За четврта албанска држава на Балканот. Иако тоа сме и сега со Груби и Али на чело
Гледате дека се реализира новиот Букурешки договор за Македонија.
Ќе биде поделена. Тука немам дилеми.
Освен ако не се случи Трета светска војна па тогаш нешто да искористиме, со малку повеќе среќа да ја вратиме државата.
Вака, завршена е приказната.
Сме и ќе бидеме странци дома…“ пишува меѓу другото Тасевски.