По скандалозната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев кој ги свикал на средба специјалните служби на таа земја поради наводните „напади врз Бугарите“ во Македонија, реагираше актерот Сашо Тасевски кој прашува дали на овој случај без преседан во Европа, чќе реагира некој од државаба:

„Радев бара да преземат „навремени мерки за соодветна заштита на правата на бугарските граѓани во странство кога тие се нападнати само поради нивната национална самосвест“.

Наредба за агресија на соседна држава.

Ова е мислам без преседан во Европа. Да се бара повод да се делува со тајни и специјални служби во друга суверена држава.

Што ќе прават тие служби на наше тло? Како ќе ги бранат Бугарите од нас? Такашто ќе ги убиваат оние кои им се закануваат? Или исто ќе ги заплашуваат? И ќе ги бранат од што? Од кого?

Ќе изреагира ли на ова нашето МНР? Имаме ние Претседател на држава?-прашува актерот..