Тасевски: И Мијалков го избегаа, а глумат им избегал!

Актерот Сашо Тасевски со серија објави на Фејсбук го коментира бегството на својот имењак и поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Мијалков:

„И Мијалков го избегаа, а глумат им избегал! Срамота е циркусов што го правите. Укинете судови, обвинители, пресуди. Оваа имитација на закони и држава е бесмислена“;

„Обиџуко ќе мора одново да го ажурира членството на СДСМ, оти Мијалков му избега. Онака, без нежен збор, без солза на разделба, без прегратка… Многу сурово“;

„Полицијата на Обиџуко го бара Мијалков во ‘Мериот’. Ако не, па да проверите во Идризово да не е. Случајно сам да не отишол во затвор без да знаете. Изгледа стварно глупави ви изгледаме“;

„Теовел еменге буте бешенге, кидавела Мијалковенге и збришинела прекутрупа апсолутно… Те куравте Обиџуко!“;

„Заев, не е народот разочаран што Мијалков ви избега, туку што ве донесе на власт“;

„Леле, лоша глума! Сите излегоа, Заев, Стево, па тоа потресени, како избегал Мијалков кога полицијата била на ниво на својата задача… Значи, не сме на жална врба родени. Како тоа, бе? Седел у ‘Дистрикт бар’, полиција го надледувала, ама здувнал!!! Како бе? Ел Чапо подземен ходник му ископа за два саати? Јас да сакам да киднам со украдени ќебапи, ќе ме фатите на прва раскрсница по дојава или снимка од некое гранапче со видео надзор. Срамота. Барем смислете појака лага. Изрежирајте пукотници, па кажете дека по крвава и нерамноправна борба ви побегнал. ЕУ? А, бе, вие ни газот на ЕУ нема да го помирисате“;

„Добив ексклузивна информација од Интегра! Мијалков бил киднапиран од Елон Маск и лансиран на Марс. Лансирањето било успешно. За седум месеци барајте го на Марс! Ако не е таму, проверете на Јупитер!“;

„Ќе се врати!!! Ако не се врати, значи нема превоз!“;

„Драг Обиџуко, едно ронче е разликата меѓу ЌЕ ГО ФАТАМ и ЌЕ МУ СЕ ФАТАМ“.