По вчерашните „дебати“, етикетирања, обвинувања кој стоел зад предупредувачкиот штрајк на наставниците кои бараат зголемување на потпросечните плати, актерот Сашо Тасевски со свое мислење:
„… гризете се меѓу себе, чиј е вашиот штрајк, вмровски или кубански. Дали го почнале вмровките фуфици меѓу вас, вработени од Груевски или Тамилските Тигри од Шри Ланка. Па едни штрајкуваат, други не… Страдате од Стокхолмски синдром.
Како фела, кога ќе сфатите дека тоа го чекаат да ве купат за безпари, ќе добивате само ротквици стругани“, пишува Тасевски на Фејсбук.