Тасевски: Дојде ли швајцарскиот премиер, неписмениве од ДУИ и СДС Бугарашка ќе го пречекаат со знамето на Црвен крст

Актерот Сашо Тасевски го коментира најновиот гаф од Министерството за надворешни работи, кое на средбата на министерот Бујар Османи со својата словенечка колешка Тања Фајон го утна знамето на нејзината земја, ставајќи го пред неа словачкото.

„Да треба да ни дојде во посета швајцарскиот премиер, овие неписмениве од ДУИ и СДС Бугарашка ќе го пречекаат со знамето на Црвен крст“, реагира Тасевски на Фејсбук.