„ДУИ е тешка политичка несреќа, која што го чинеше народот повеќе од која било трагедија… ДУИ ќе биде запишана во историјата како партија, која што не го сакаше народот и која што се бореше на најлоши начин да ја здобие власта.“ – вели се уште актуелниот генерален секретар на опозициската партија Алијанса на Албанците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари во својата објава, која ја пренесува информативната агенција на албански јазик ИНА со наслов „ДУИ е тешка политичка несреќа…“
Таравари пишува: „Со методи противзаконски и мафијашки ДУИ ја враќа Македонија во еден колумбиски картел од типот на Ескобар. Само пред неколку дена беа фатени со 100 килограми дрога група на лица, кои се сите близок дел на номенклатурата на ДУИ… точно на оние кои што се натпреваруваа на локалните избори, за да раководат со општина Гостивар. Скандалозно!“
„Замислете, оваа партија се уште владее со нас!
Уште многу повеќе СКАНДАЛОЗНО!“
Home Македонија Таравари: Тешката политичка несреќа-ДУИ мафијашки ја враќа Македонија во колумбиски наркокартел –...