„Најголемите македонски партии рекоа дека не им пречи ако се отстрани ‘јазикот на 20 отсто’ и ако се внесе албанскиот јазик. Сега е момент да ги тестираме нашите сограѓани-Македонци дали се подготвени албанскиот јазик да се дефинира така како што треба’ – изјави претседателот на Алијансата за Албанците и претседател на општина Гостивар Арбен Таравари во интервјуто за ‘Њуз 24 Албанија’, од кое нагласки пренесе информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во информацијата со наслов „Таравари: Време е да ги тестираме Македонците дали се за ставање на албанскиот јазик во Уставот“.
„Журнал“ пренесува: „Во интервјуто за ‘Њуз 24 Албанија’ Арбен Таравари рече дека неговата партија, иако е опозиција, ќе ги поддржи уставните измени, за да може **** Македонија да започне преговори за членство во Европската унија. ‘За да се изгласаат уставните измени потребни се две третини од 120-те пратеници во Собранието. Во моментов мнозинството има 64 гласа, додека 8-те пратеници на Алијансата за Албанците, иако се во опозиција, ќе гласаат за уставните измени.’ – укажа Таравари.“
„Според него, иако Албанија и **** Македонија се во еден пакет за почеток на зачленување во Европската унија, ако не се изгласаат уставните измени, **** Македонија ќе биде одвоена од Албанија што се однесува до почетокот на разговорите за членство во ЕУ. ‘Ако не се изгласаат уставните измени, практично **** Македонија ќе се одвои од Албанија: Албанија ќе ги продолжи преговорите со Европската унија, а Македонија ќе остане за во еден иден период.’ – нагласи Таравари.“
„Тој додаде дека неговата партија покренала иницијатива за ставање на албанскиот јазик во Уставот кога ќе се направат уставните измени. Тоа е поддржано од сите албански политички партии и има разбирање од најголемите македонски партии. ‘Најголемите македонски партии рекоа дека не им пречи, ако се отстрани формулацијата ‘јазикот на 20 отсто’ и ако се внесе терминот ‘албански јазик’. Сега е момент да ги тестираме нашите сограѓани-Македонци дали се подготвени албанскиот јазик да се дефинира така како што треба’ – рече меѓу другото, Арбен Таравари.“