Таравари: Приватните клиники да се стават на располагање на државата

Ситуацијата е алармантна и крајно време е министерот за здравство Венко Филипче да донесе одлука и капацитетите на приватните клиники да ѝ се стават на располагање на државата, додека трае овој бран од коронавирусот, оценува претходниот министер за здравство Арбен Таравари.

„Не можам да разберам зошто министерот не презема чекори приватните болници да бидат на помош.

Таму се плаќа пет пати, па и десет пати поскапо. Крајно време е министерот да донесе одлука сите капацитети, и во приватните клиники, да ѝ се отстапат на државата, додека трае овој трет бран.

Македонија е на петто место во светот по починати на милиони жители за последните 7 дена, од 153 држави кои се испитуваат и кои даваат официјални податоци“,вели Таравари во гостување на ТВ 24.