В.Д. претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари побара претседателот Стево Пендаровски да се спротивстави на испраќањето на досегашниот директор на АНБ, Виктор Димовски за амбасадор во Париз, пренесе „360 степени“.

„Барам од претседателот Пендаровски да го отфрли указот на Димовски од причините кои штотуку ги наведов. Од претседателот на државата се очекува да го заштити државниот интерес и односите со сојузниците, а не да го спушти нивото на преговори меѓу политичките партии за компромитиран и недостоен поединец за амбасадорската функција.

Доколку сепак Димовски биде именуван, ги охрабруваме нашите француски пријатели да не го прифатат како амбасадор во Париз“,рече Таравари.

САД го одбија Љубомир Фрчковски, а ЕУ ја одби Арифи, рече тој додавајќи дека посакува и се надева оти и Франција ќе го направи истото со Димовски.

На прес-конференција, Таравари побара МВР итно да го објави и извештајот од истрагата за одговорност во АНБ за издавањето на државјанство на Олександр Онишченко, што се случи во период кога Димовски беше на чело на безбедносната агенција.

Покрај скандалот со Онишченко, според Таравари, Димовски е неподобен и недостоен за амбасадорската функција и поради други причини, пренесува “360 степени“