Алијанса за Албанците не е формирана за да биде привезок на ДУИ и Али Ахмети туку да се бори за правата на Албанците, велат членови на партијата кои се противат на влезот на АА во владата.
Тие тврдат дека за македонската демократија не е здраво најголемата опозициска партија во албанскиот блок да му стане измеќар на Али Ахмети во владата и се противат на преговорите што Таравари ги води со СДСМ и ДУИ.
,,Не се бориме со години за да земеме три министерски и десетина директорски места туку за да ја промениме Македонија каде Албанците и сите други ќе живеат во демократија”, вели член на Алијанса кој е дел од поголема група противници за влез во власта а кој инсистира на анонимност до конгресот на партијата закажан на 17 декември.
Тие му се чудат на Таравари што до пред неколку месеци се жалеше дека бил понижуван додека беше министер за здравство во 2017 од СДСМ и ДУИ а сега сака повторно да владее со нив.
Според оваа фракција во Алијанса која на шега се нарекува ,,Челичната група” Травари сака прво да биде на избран за претседател на Алијанса па потоа да пристапи кон преговори за влез во Влада.
,,Челичната група” засега не е организирана фракција туку поединци кои се незадоволни од желбата на Таравари да се понижува пред Ахмети и Ковачевски.
Доколку Таравари кој е ВД претседател реши сега во овој период да влезе во Владата, ќе се соочи со внатрешни немири во Алијанса. Затоа тој сега калкулира до конгресот на кој очекува да ги минимизира силите кои се противат АА да стане привезок на ДУИ.