Потпишана е најавената Декларација за обединување на опозициските партии на етничките Албанци во Македонија.

Потписи ставија лидерите на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари и опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП) Изет Меџити на Демократското движење, Африм Гаши на Алтернатива, Биљал Касами на Движењето Беса и Беким Ќоку.

Арбен Таравари како кандидат за претседател на албанската опозиција (VLEN) повика на историска промена во албанската политика.

Тој нагласи дека наместо да се споменуваат имиња на партии и поединци, треба да се фокусираме на „Движењето“, гледајќи го како сила која ќе донесе големи промени во државата.

Нашиот противник е корумпираниот систем, а ние сме здружената опозиција која има за цел да ги застапува интересите на народот“, изјави Таравари.

Тој, исто така, изрази уверување дека ќе помине во вториот круг од претседателските избори и ќе успее во својата мисија да донесе позитивни промени во земјата, пренесе Telegrafi.