„Најпосакуваната партија за соработка во Македонија е Алијансата за Албанците, иако ние сме сега опозициска партија. Партијата Левица е против НАТО и е проруска и практично тоа е причината, поради која мора да се случат уставните измени’ – изјави претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вечерва во емисијата ‘Оваа недела’ на ТВ ‘Њуз 24′ од Албанија’ – пренесоа информативниот портал „Њуз 33“ и други медиуми на албански јазик во Македонија и регионот.
„Истакнувајќи дека ‘односите со партијата на власт се коректни’, Таравари кажа и дека режимот на Никола Груевски паднал благодарејќи на Алијансата за Албанците.“ ‘Алијансата за Албанците беше причината, поради која дојде до обединување и уривање на режимот на Никола Груевски, која владееше до 2016 година“ – нагласи Таравари.“
„Опозицијата има обврска да критикува, а со најголемата партија, која е во опозицијата, имаме коректни односи. Имавме соработка во 6 општини во 2021 година.“ – укажа претседателот на Алијансата Таравари во емисијата „Оваа недела“ на ТВ „Њуз 24“ од Албанија.
Home Македонија Таравари: Најпосакувана за соработка е Алијансата, иако е опозиција – уставни измени...