Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари од партиски собир синоќа порача дека на 8. мај ќе се случи промена кај албанскиот политички блок.

„Еве тука сме на собир во Тетово каде добивме поддршка која е неочкувана од наша страна. Никогаш како Алијанса за Албанците не сме имале ваков собир.

Јас се надевам дека го направивме вистинското решение и дека на 8. мај ќе се случи долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок“, рече Таравари.

Според него над 60% од делегатите се на негова страна.

„Делегати имаме над 75-76-77, не знам ни јас точно, но околу 60%“, порача Таравари.

(Фокус)