На новинарско прашање околу денешниот став на Зоран Заев објавен на Фејсбук дека менувањето на имињата на двете училишта во Чаир е законско, генералниот секретар на Алијансата на Албанците Арбен Таравари рече дека Заев е препознатлив по тоа што преку ден ги менува ставовите три-четири пати.

„Јас не можам да ги слушам сите промени на ставовите што ги прави. Вчера прочитав дека негов став е дека одлуката е незаконска, денеска може да каже дека е законска, но може вечер да излезе и да каже да се вратат старите имиња на училиштата“, изјави Таравари.

На денешната прес-конференција Таравари оцени дека менувањето на имињата на неколку училишта во Општина Чаир е смешен чин и дека тоа не се прави на само еден месец пред избори.