Таравари: Ќе одиме сами на изборите, а можеби не…

„Нема член на Алијанса на Албанците што не кажа дека имаме одлука од пред 3-4 месеци каде кажавме дека сами одиме на избори. Но, ќе ги видиме околностите, ќе ги слушнеме и препораките и на крајот ќе се донесе дефинитивна одлука на Собранието, можеби иста но може и поинаква, вели првиот човек на Алијанса на Албанците Арбен Таравари.

Тој во гостување на Алсат рече дека партијата мора конечно во текот на следната недела да одлучи како ќе се позиционира на мајските избори.

„Имаме одлука на раководството на партијата која е актуелна, но Собранието може да донесе друга одлука што мора да ја донесеме заедно.

Села: Алијанса на Албанците сама да оди на избори за да победи

Неофицијално се тврди дека во партијата имало поделени ставови – дали ќе се позиционираат со партиите од албанскиот опозициски блок, ќе се натпреваруваат заедно со таканаречениот европски фронт или ќе се натпреваруваат сами, пишува Алсат.мк