Таравари избран за потпретседател на Алијанса на Албанците

Актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, кој беше генерален секретар на Алијанса за Албанците (АА), е избран за потпретседател на партијата.

Како што информираа од АА, на синоќешниот состанок на претседателството тој бил едногласно поддржан за потпретседател.

Согласно новата партиска организација, АА отсега ќе има само еден потпретседател.