Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вели дека Зијадин Села е симболот на партијата, откако тој поднесе неотповиклива оставка по лошите резултати на изборите за Советот на Општина Тетово.

Села синоќа си поднесе оставка и рече дека резултатите на изборите во Тетово не биле очекувани, па поради тоа е подготвен да преземе одговорност.

„Од овој момент, преземам одговорност и давам неотповиклива оставка од претседател на партијата. Во периодот што следува највисокиот орган на партијата меѓу два конгреса – Централното собрание, треба да заседава и да одлучи во врска со тоа кој ќе биде вршител на должност претседател на партијата“, рече Села, заблагодарувајќи им се на сите поддржувачи на Алијанса за Албанците.

Според Таравари, Села е симболот на Алијанса за Албанците, кој храбро се соочил со потребата за промени и кој станал застапник на човековите права и тоа не само за Албанците иако беше инспириран од нивната кауза.

Таравари вели дека Села на целата политичка класа во државава, им покажа кој всушност знае како се презема одговорност.

„Тој како човек влегува во историјата. Ви благодариме претседателе!“, порача преку Фејсбук Арбен Таравари…

За среќа, вели Таравари, со Зијадин продолжуваме, тој останува дел од Алијанса.