„Би биле многу среќни, ако Албанците би ги имале во Македонија правата на Србите во Косово.Алијансата за Албанците ќе придонесува да се случат уставните измени час поскоро, за да започнат преговорите со ЕУ. Алијансата и Беса се за воспоставување опозициска соработка“ – ова го изјави вршителот на должноста претседател на Алијансата за Албанците за ‘Дневникот’ на А2 Си-Ен-Ен во Албанија.

Информативниот портал на албански јазик „ин 7“ ги пренесува искажувањата на Арбен Таравари за овој медиум од Албанија: „Од минатиот викенд Алијансата за Албанците во **** Македонија има нов лидер, Арбен Таравари, по оставката во август на претседателот Зијадин Села, кој се повлече од раководството на партијата по лошите резултати на изборите за Советот на општина Тетово. Советот. Таравари зборуваше во ‘Дневникот’ на А2 Си-Ен-Ен во Албанија за предизвиците пред кои се наоѓа оваа политичка сила во опозицијата.“

„Ќе продолжиме да бидеме конструктивна опозиција и да инсистираме на борбата против против неправдата и криминалот и корупцијата – најопасната појава во **** Македонија. Ќе придонесуваме и за вклучувањето на Македонија во ЕУ. За овие и за други прашања за Албанците ќе продолжиме да го креваме гласот.’ – рече Таравари.“

„Таравари: Ние сме против референдумот, што го бара македонската опозиција“

„Таравари истакна натаму дека, како опозициска партија, Алијансата за Албанците ќе продолжи да придонесува да се случат уставните промени час поскоро и со тоа да започнат официјално разговорите со ЕУ. Тој укажа дека сите албански политички партии во **** Македонија се ‘за’ уставните измени. ‘Ние сме против референдумот, што го бара македонската опозиција и сметаме дека не треба да се појавуваат таквите пречки.’ – дополни тој.“

„Запрашан каква ќе биде улогата на Алијансата за Албанци, Таравари одговори дека неговата партија има комуникација со сите други партии, но и оти со Беса, како опозициски партии, се за соработка.“

„Според последниот попис во **** Македонија Албанците учествуваат со околу 30 проценти во структурата на населението. Дали ќе побарате повеќе права?’ – ова беше последното прашање, кое што му беше упатено на Таравари во ‘Дневникот’ на А2 Си-Ен-Ен во Албанија“

„Тој одговори: „Секако, продолжуваме да ги бараме правата, кои ни припаѓаат и кои ги наследивме од поранешна Југославија. Во праксата Албанците во Македонија имаат многу помалку права отколку што имаа Албанците во Југославија. Ако се споредат правата на Албанците во Македонија, кои се речиси четвртина од населението, што живее овде, тие се многу помали од правата на Србите во Косово, кои ги има 4, или 5 проценти таму. Затоа често велиме дека би биле многу среќни, ако би ги имале во Македонија правата на Србите во Косово.“