Таравари: ДУИ е „нужно зло“, здраво е да замине во опозиција

Лидерот на Алијанса за Албанците смета дека би било најдобро партијата сама да излезе на избори.

„Ние секој месец правиме анкети и ги земаме оние (анкети н.з.) што ги прават СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. И релативно добро стоиме. Мислам дека првата опција, според мене, меѓутоа одлуката не зависи само од мене, рече Арбен Таравари во интервју за Сител.


Најдобро би било сами да одиме, но не исклучувам сите можни опции за комбинации“ – рече Таравари.

Според него, АА има коректни односи со сите политички партии.

„Јас не исклучувам соработка со ниту една политичка партија особено во македонскиот блок. Имаме коректни односи и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ“, вели Таравари.

За функционирањето со ДУИ во владината коалиција вели дека е „нужно зло“.

„Морам да кажам дека кога ние кажувавме дека ДУИ е метастазирано и инфилтрирано низ сите институции во Македонија и е сериозен проблем за државата, тогаш тоа беше некако маргинализирано како никој да не не сваќаше сериозно. И сега кога слушам дебатни емисии низ сите телевизии одредени аналитичари го повторуваат тоа“ –  рече Таравари кој вели дека се’ уште ена истиот став за ДУИ.

„И да било перфектно многу е 20 години. Албанскиот политички блок има потреба за промени. Да и дадеме шанса на една друга партија барем еден мандат, а здраво е и за ДУИ да излезе во опозиција“, вели Таравари.