Граѓаните на Косово Албанија и Србија нема да се изедначат со македонските граѓани во делот на плаќање на партиципација, туку во делот на приватното лекување- вели лидерот на Алијанса на Албанците, Арбер Таравари за Слободен печат.

„Ова практично значи дека цените на странските државјани ќе бидат исти како и за македонските граѓани кои немаат осигурување и се лекуваат во државните клиники и болници.


Така ако за снимање на магнетна резонанца приватно во Клинички центар се плаќа 150 евра за сите наши граѓани кои не се осигуреници, толку ќе плати и косовски или албански државјанин“, вели Таравари.

„На ваков начин ги враќаме странските пациенти во Јавно здравство. Порано сите одеа по приватните клиники каде им беше поевтино“, вели екс-министерот за здравство Таравари.

Вчера министерот за здравство Меџити вчера изјави: „ Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион“, изјави Меџити.

Изјавата предизвика бурни реакции…