Градоначалникот на општина Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, вечерва во „Тема на денот“ во Сител телевизија, истакна дека 20 години Албанците во оваа земја патат од ДУИ, која е несменета власт, а целта на партијата е да ја смени оваа криминална власт, а за нов премиер од СДСМ Таравари рече дека кукла премиер не и треба на оваа држава.

-Ние имаме цел, ние се договориле следните четири години да ја биеме битката, дали ќе бидеме опозиција или власт без разлика целта е да ја смениме криминалната власт во земјава, 20 години Албанците во земјава патат од ДУИ, од не сменета власт и во бившиот режим и во сегашниот хибриден режим, вели Таравари.