Тамара ќе пее во лондонски геј-клуб

Македонската пeјaчка Тамара Тодевска на 10 јануари ќе пее на Еурофест во Лондон.

Настанот се одржува во локалот Royal Vauxhall Tavern, познат геј-клуб во Лондон. Royal Vauxhall Tavern се смета за најстарото геј-собиралиште во Јужен Лондон, јави „Плусинфо“.

Цената на билетот е седум британски фунти.