Талибанците го уриваат рејтингот на Џо Бајден

Откако радикалните талибанци го прездоа Авганистан, рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден падна на рекордно ниско ниво од 46 отсто, . Тоа го покажува анкетата на Ројтерс.

Ова е најниската оценка за работата на Бајден за целиот период од неговиот досегашен мандат како шеф на државата.

За само една недела, рејтингот на поддршката на претседателот се намали за 7 отсто, што е исто така рекорден пад.

Возрасни граѓани учествуваа во анкетата на Ројтерс. Бројот на испитаници не е наведен. Исто така, не се дадени информации за статистичка грешка.