Во рамките на новите „верски насоки“, талибанското Министерство за промоција на вредностите и за спречување на пороците ги повика авганистанските телевизии повеќе да не прикажуваат серии во кои учествуваат жени!

„Телевизиите треба да избегнуваат прикажување фељтони и романтични серии во кои настапуваат жени“, се истакнува во документот на Министерството упатен до медиумите.

Воедно се бара новинарките да носат „исламски превез“ на телевизија, не прецизирајќи дали за шамија која жените и онака ја носат на авганистанските телевизии или на превез што го покрива поголемиот дел од лицето.

На авганистанските телевизии им е упатен повик и да избегнуваат програми „што се косат со исламските и со авганистанските вредности“, како такви во кои се навредува религијата или „се прикажуваат пророкот и неговите другари“.