Екс обвинителот а сега адвокат Војо Димоски открива друг проблем со полагањето на правосуден испит од страна на синот на собранискиот спикер Талат Џафери.

Според Димоски синот на Џафери освен тоа што не смеел да полага правосуден испит тоа не смеел да направи најмалку две години.

,, Законот за правосуден испит во чл.4 ст.1 и ст.2 вели дека требаат една (односно две) години искуство после полагањето на правосудниот испит.
Во ст.5 стои дека предвременото полагање е забрането.
Арно ама детето на спикерот и другите како него, очигледно го слушаат законот на срцето.
Просто речено, не дозволиле законите да им застанат на пат на соништата. <3 Респект !!!", пишува Димоски за скандалот со синот на собранискиот спикер кој практично полагал правосуден испит додека се уште бил студент.