Да ја сакаат Русија, да имаат пристап до важни или тајни информации и комуникација со НАТО и други земји, да сакаат пари или да имаат дилема дали би работеле за Москва.
Тоа се главните критериуми за луѓето кои се обидува да ги врбува руски дипломатски претставник во Братислава, Полска.
Според видеото кое го објави словачкиот портал Деник а кое според текстот е снимено од словачките тајни служби Русија бара соработници кои имаат важни информации.
Двајца од актери на руската шпионажа во Словачка што се гледаат на видеото според порталот се Бохуш Гарбар и полковникот Сергеј Соломасов.
Првиот пишувал под различни псевдоними во медиуми кој ширеле дезинформации а вториот бил заменик на воено аташе во Руската амбасада во Братислава.
Предходно Словачка не дозволи Русија да има воено аташе во Братислава поради што формално Соломасов бил заменик или помошник а реално самиот ја вршел таа функција.
Деник обуавува видео на кое е прикажан еден од нивните први состаноци. Во него Соломасов го регрутира Гарбар за да соработува со руското разузнавање. Ова е состанок во парк во 2021 година, кој со специјална опрема го снимиле словачките безбедносни сили.
Во Македонија се уште не е јасно дали критериумите за врбување на соработници од страна на Москва важат и за луѓето што лани овозможија пристап на руски дипломат во зградата на МНР од каде се одвива тајна комуникација со НАТО и ЕУ.
Иако за инцидентот беше протеран еден руски дипломат македонската јавност никогаш не дозна што се случува со луѓето кои му овозможиле на рускиот разузнавач да влезе во МНР.
За овие луѓе кои според критериумите од видеото ја сакаат Русија или сакаат пари досега владата и МНР не објавија информација дали е почната некаква постапка и дали ќе одговараат пред законите затоа што овозможиле влез на руски шпион во стратешки важен објект.
Случај ,,Протеран руски дипломат”: Молчи Јовески, молк и од новинарите
Видеото на англиски јазик