Иако министерката за одбрана Славјанка Петровска најавуваше дека за вчера, 5 септември е закажана церемонија за потпишување на договор со Франција за набавка на противвоздушна системи, од министерство за одбрана молчат за настанот.
Според најавата вчера во Париз Петровска требаше да потпише договор за технички аранжман за набавка на француско оружје земја – воздух со краток дострел во вредност од 66 милиони евра.
Ниту Петровска, ниту Министерството за одбрана ниту владата на своите официјални профили не објавија детали за церемонијата што требаше да се одржи во Париз на петти септември.
Молкот отвара дилеми дали техничкиот аранжман е потпишан тајно, дали е откажан целосно или е одложен на неодредено време.
По ексклузивната објава на Expres.mk минатата недела дека одбрана набавува оружје вредно 66 милиони евра во јавноста се појавија критики за владата дали во пресрет на најголемата криза и најтешката земјина во историјата Македонија која е членка на НАТО треба да дава огромни пари за нешто што ќе биде ефективно за 4 години.
Ексклузивната вест на expres.mk
Ексклузивно: Владата купува оружје во вредност од 66 милиони евра