Во македонскиот кривичен законик постои член според кој луѓето кои го отвориле клубот со името на регистрираниот нацистичкиот соработник и антисемитист можат да бидат судени за повеќе дела.

Затворска казна ако се почитува овој ,,таен” член во ЗКП можат да добијат и министрите, шефови на тајни служби, уставни судии и обвинители кои не го спречуваат резилот со кој се соочува Македонија.

Сите овие луѓе освен што не го почитуваат законот што им е пред очи а тие не сакаат да го видат, ја ставаат Македонија на мапата на земји каде се случува повампирување на фашизмот и нацизмот кој однесе десетици милиони жртви во втората светска војна.

Оливер Спасовски, Никола Тупанчевски, Љубомир Јовески, Виктор Димовски, Кацарска и низа други државни и правосудни функционери од СДСМ и ДУИ треба да се плашат што со свое непостапување дозволиле промоција на фашистичкиот зло во Македонија.

Со својот молк македонските власти од СДСМ и ДУИ се согласуваат со бугарските планови Македонија да добие клуб со името на регистрираниот нацистички соработник.

Што мислите почитувани читатели, зошто во Бугарија нема клуб со името на фашистичкиот партнер но затоа бугарски структури отвараат таков во Македонија?

Одговорот е кристално јасен.

Регистрацијата на Борис Трети според власта не може да биде спречена без промена на законите е наративот на СДСМ кој смета дека тоа е доволно алиби за да дозволува фашистичкото дивеење во Охрид.

Тоа е во најмала рака смешно затоа што ако СДСМ и ДУИ сакаат да го затворат клубот тоа можеа да го сторат со итно ставање на промените на законот на дневен ред во Собранието.

Што мислите дали и зошто законот се уште го нема во парламентот?

И овде одговорот е кристално јасен.

Уставниот суд е посебна институција која ако има воља и ако решава без влијание од СДСМ и ДУИ може уште утре на денот на востанието да свика вонредна седница и да го затвори клубот како противуставна категорија.

Кој е членот по кој можат и мораат но не сакаат да постапат сите погоре споменати и десетици други најодговорни можете да разберете во вечерашното издание на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ која почнува во 22.30.

Во емисијата во која има интересен гостин без влакна на јазикот ќе се зборува и за други детали од веќе распадниот правосудно-политички пазар кој ја дотолчува Македонија.