Протоколарниот гаф на премиерот Ковачевски направен за време на прес конференцијата со шефицата на Европската Комисија Урсула ФОН фер Лајен предизвика многу реакции на социјалните мрежи.

Многумина се прашуваат што беше толку важно среде прес конференција премиерот да дојде до гостинката и пред сите камери и медиуми да и каже нешто ,,на увце”.

Кабинетот на премиерот денска не откри што и кажал Ковачевски на шефицата на европската влада ок што почна мајтап на однесувањето на првиот човек на владата кој излезе надвор од протоколот.

Вообичаено ваквите консултации се прават пред да се излезе на прес конференција поради што овој чекор на Ковачевски може да се смета како уште еден дипломатски и протоколарен гаф.

Дел од твитерџиите направија и видео-аудио монтажа за можниот разговор меѓу Ковачевски и Фон дер Лајен.