„Тајмс“: Борис Џонсон сака да ја одбрани Одеса

Британскиот премиер Борис Џонсон сака да ги попречи плановите на Путин за јужна Украина и да испрати оружје на украинските вооружени сили за ефикасна заштита на Одеса, пишува Тајмс.

Лондон бара Украина да биде вооружена со противбродски ракети за да ги одбие руските напади од море.

На средба со министрите, Џонсон изрази желба да купи противбродски ракети и да им ги даде на украинските вооружени сили за да спречат руска офанзива.

Синоќа претседателот Володимир Зеленски потврди дека се договорил со Џонсон за нов пакет мерки за поддршка на одбраната на Украина.

Според шефот на украинската држава, Русите се фокусирале на освојувањето на Донбас и јужна Украина.

Според американските власти, Путин очекува да ја окупира источна Украина пред 9 мај.