Таинствена порака на премиерот до ЕУ интересна и за Русија, Кина и Турција?

Една реченица од денешната изјава на премиерот Заев за ексклузивноста на ЕУ врз стариот континент предизвика интерес во странските амбасади во Скопје.

Одлуката на ЕУ да не ги започне преговорите со Македонија и Албанија е огромно разочарување и огромен неуспех, порача премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес конференција со Еди Рама.

“Гласот на Бугарија да не ја одобри рамката, наспроти останаиот глас на сите други земји сметаме дека не е во духот на добрососедстките односи. Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија.Прогресот треба да зависи од реформите и спроведување на европските стандари. Токму затоа сметаме дека во рамката не смеат да се внесуваат билатерални прашања. Тоа ќе биде страшен преседан.

Македонскиот национален идентитет е невозможно да биде предмет на преговори. С. Македонија стана членка на НАТО и сме НАТО партнери со Албанија и со Бугарија. Но, за Албанија и Северна Македонија Европа останува единствена стратешна цел. За нас европските вредности се светост, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги одбрани. ЕУ нема ексклузивитет врз Европа. ЕУ мора да изнајде формула како да го одржи зборот.

Се уште му даваме шанса на процесот и остануваме посветени на стратешката цел: членство во ЕУ. Тие што ме знаат, знаат дека не се откажувам. Ќе одам во Софија пак и пак и пак и ќе барам решение. Северна Македонија е Европа, Албанија е Европа, Балканот е Европа”, рече Заев кој не објасни кои се другите земји кои што имаат право на Европа и дали меѓу нив се Русија, Кина или Турција.