Дејан Георгиевски, кој пред неколку дена избори учество на Олимписките игри како победник на квалификациите во Софија, ќе го носи знамето на Македонија на отворањето на Олимписките игри во Токио, објави неговиот тренер Дарко Костовски.

Георгиевски во финалето од категоријата над 80 килограми во Софија убедливо триумфира над олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан, со што ја наметна сопствената кандидатура за највисок пласман на Игрите во Јапонија.

Со исполнета олимписка норма од македонските спортисти засега е само уште борачот Могамедгаџи Нуров.