Мнозинството е безбедно, тврдат од владината коалиција по состанокот одржан попладнево.

Договорена е стратегијата за утрешната собраниска седница за гласање доверба на Владата.


Само лидерот на ДПА, Мендух Тачи даде кус коментар по средбата за неколку медиуми. Тој кажа дека мнозинството е безбедно, а ќе се работи и на проширување на истото.

„Го овластивме премиерот, нормално, ќе разговара и со други политички групации или пратеници да имаме уште поголемо мнозинство. Конечно најдобрата вест е дека е оваа Влада и ова мнозинство продолжува и на 15-ти декември се надевам, 99,9 отсто, ние ќе добиеме датум“, рече Тачи.

Средбата на премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев и коалициските партнери заврши без многу детали.