Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска оцени дека секоја добра вест за Македонија е добра вест и за Косово, а за договорот меѓу Македонија и Грција смета дека е најзначаен по Охридскиот.
За време на средбата со македонскиот вицепремиер Бујар Османи тој го поздрави потпишувањето на договорот Заев-Ципрас.
„Овој договор создава подобра регионална клима и им ја отвора евроатлантската перспектива на државите на Балканот“, изјави Тачи.