Tрамп го најави новиот директор на ФБИ

Кристофер Фреј ќе биде новиот директор на американското Федерално Истражно Биро (ФБИ), најави претседателот Доналд Трамп на Твитер.

Фреј кој во времето на од 2003 до 2005 за време на претседателот Џорџ Буш Јуниор беше асистент државен обвинител на САД важи за човек со беспрекорна кариера а ќе го наследи Џејмс Коми кој беше отпуштен од позицијата шеф на ФБИ пред еден месец.

Американски претседател Доналд Трамп според американските медиуми го отпушти  Коми поради истрагата во врска со наводната руска вмешаност во претседателската кампања лани и можниот дослух на Москва со изборниот штаб на Трамп.

Како причина за отпуштањето што го шокираше Вашингтон тогаш беше наведено дека Коми водел погрешна истрага во врска со мејловите на претседателскиот кандидат на Демократската партија, Хилари Клинтон.