СЗО: Најпознатиот засладувач можен причинител за рак

Светска здравствена организација следниот месец ќе прогласи еден од најчестите вештачки засладувачи во светот за можна причина за рак, објави британската новинска агенција Ројтерс, повикувајќи се на два извори запознаени со процесот.

„Аспартамот“, кој се користи во низа производи од диетални газирани пијалаци на Кока-Кола до гуми за џвакање на Марс и некои пијалоц ќе биде опишан за прв пат како „можен канцероген за човекот“ од Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC).

IARC, чиј заклучок беше финализиран претходно овој месец по состанокот на надворешните експерти на групата, има за цел да процени дали нешто е потенцијална опасност или не врз основа на сите објавени докази.