СЗО „ја призна“ вакцината на „Синофарм“

Morgantown, WV - 16 December 2020: Small bottle of coronavirus vaccine with syringe with background of the Chinese company Sinopharm logo

Светската здравствена организација ја одобри вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител на лекови „Синофарм“ – една од двете кои веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство.



Ова е прва вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека препораката е вакцинацијата со вакцината Синофарм да се врши во две дози, за сите постари од 18 години.

Фактот дека вакцината на Синофарм е на списокот на СЗО на итни вакцини е сигнал до националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и ќе овозможи да се вклучи во системот Ковакс, глобална програма за сиромашните земји.

„Ова го проширува списокот на вакцини кои Ковакс може да ги купи и ја зголемува довербата на земјите да го забрзаат одобрувањето на сопствените регулатори и да ја увезат и дадат вакцината“, рече Тедрос на конференција во Женева.