Свобода: Бугарскиот услов за непризнавање на македонскиот јазик е налудничав

Австрискиот политичар кој 18 години беше европратеник кој се занимаваше со Западниот Балкан смета дека бугарскиот услов со кој се укажува дека Софија со ниту еден чекор не го признава македонскиот јазик е налудничав и контра принципите на ЕУ.

,,Условот за непризнавање на македонскиот јазик е луд и ги нарушува европските принципи. Кој во ЕУ има храброст да и каже стоп на Бугарија?”, реторички прашува Свобода.

Според него важно е ЕУ со статус кандидати да ги поддржи Украина и Молдавија против руската агресија, но неодговорно и срамота е на Комисијата и на Советот да го запостават Балканот!

,,Дали на овие земји им е потребна руска интервенција за да продолжат на патот кон ЕУ”, прашува Свобода.

Досега ниту еден европски политичар не кажа јавно дека е против бугарските шовинистички позиции.