Свиркач: Замислете што се прави на обични луѓе – За АНБ Камчев бил како терорист на ИСИС

Во службената белешка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) врз основа на која Јордан Камчев е притворен има низа сериозни прекршувања на законот и безбедносниот систем на Македонија, тврди свиркач одблиску упатен во службената белешка со која се тврди дека бизнисменот наводно сакал да избега од Македонија.

Според содржината на белешката на АНБ која изворно ја пренесува свиркач од агенцијата Камчев се третира како член на ИСИС, Ал Каеда или милитантната организација Илирида кои се на црните листи на САД и ЕУ а кои се водат и како закана за националната безбедност на Македонија.

Според свиркачот во службената белешка има директно признание за низа незаконски чекори на АНБ на чие чело е Виктор Димовски висок функционер на СДСМ и човек од најблиска доверба на премиерот Заев.

Со оглед на тоа што АНБ има ингеренции само за преземање на чекори за заштита на националната безбедност тоа значи дека Јордан Камчев бил прогонуван како терорист и опасност за националната безбедност за што во АНБ нема никаков предмет ниту тој било кога бил споменат во таков контекст.

Ваквите наводи на АНБ не се потврдени ниту во ниту еден документ на обвинителството или судот кои иако знаеле дека АНБ ги крши законите и уставот сепак употребиле документ кој е незаконски изработен од АНБ со цел да се притвори бизнисменот кој важи за еден од најголемитњ критичар на актуелната власт на СДСМ и Зоран Заев.

Доколку Камчев бил прогонуван како терорист и закана за националната безбедност тој од обвинителството морал да биде обвинет за истото или слично дело што не се случува во процесот, тврди свиркачот.

Злоупотребата на АНБ на своите капацитети за борба со заканите по националната безбедност е прашање за кое одговори ќе мораат да дадат повеќе инволвирани во скандалот почнувајќи од потписникот на службената белешка, неговиот непосреден шеф, директорот на АНБ Димовски, советникот за национална безбедност на премиерот кој координира со сите тајни служби, и лично премиерот Заев.

Злоупотребите на АНБ и очигледното незаконско следење кое може да се докаже од документот чија содржина индиректно ја открива свиркачот не е скандалозно само поради политичката пресметка со бизнисменот Камчев туку е системска злоупотреба на државниот апартус против безбедноста на граѓаните и нивните основни човекот и права.

Според свиркачот во белешката нема ниту еден доказ за некакво незаконско, противправно, антидржавно или друго поведение на Камчев кое што може да послужи како основа за негов прогон.

“Ако ова му го правиме на Камчев, замислете што им правиме на други обични луѓе кои немаат никакви ресурси за одбрана. Се плашам дека ресурсите кои треба да не бранат од ИСИС, Ал Каедаа или Илирида се користат за пресметка со бизнисмени, банкари, сопственици на добростоечки фирми, новинари и други критичари на власта”, вели свиркачот кој се плаши дека ако за оваа работа проговори во јавност во најдобар случај ќе ја загуби работата.

Во подобра варијанта свиркачот се плаши дека ќе заврши како екс потпретседагелката на СДСМ Фросина Ременски која беше обвинета во банален судски процес откако Државниот врв го предупредила на друго неверојатно прекршување на законите од страна на безбедносни служби под контрола на актуелните но и предходните власти.

Во најлошиот случај свиркачот смета дека може да му биде загрозен и животот.