Целата политичка игра околу помирувањето може да е обид за давање лажна надеж за амнестија со цел да се купи време за да се дојде до поголем број пресуди на политичкиот противник, тврди извор кој е дел од правосудниот систем и е иритиран од злоупотребата на судството и обвинителството од страна на партиите.
,,Свиркачот” тврди дека на екс министерката за култура Емизабета Камчевска Милевска пред 7 дена и се отворени 2 други истраги во Специјалното Јавно Обвинителство и дека ќе биде извонредно тешко со ограничена амнестија да се запрат случаите во кои има јасни и непобитни докази за криминал.
Оваа информација ја пренесува и движењето #бојкотирам на социјалните мрежи.
Свиркачот предупредува дека доколку партиите се договорат да простат тешки кривични дела ќе настане хаос и инволвираните можат да почнат да објавуваат детали за најтешките случаи кои би биле амнестирани.
На правосудните работници им е јасно дека политичката штета со широка амнестија ќе оди на сметката на власта и затоа се сомневаат во намерата за помирување и амнестија.
Како доказ дека амнестијата и помирувањето може да се само политичка манипулација е тоа што СЈО на денот на гласање ја обжалиле пред апелација, и бараат зголемување, на казната на синот на пратеничката Владанка Авировиќ кој е обвинет во случајот Труст каде е обвинет и Сеад Кочан, близок на пратеникот Зекир Рамчиловиќ.
Во исто време судот во случајот 27 април идната недела ќе заседава секој ден а закажани се судења за февруари и март.
Дека тезата за лажни најави за амнестија и помирување е можна, покажува и најавата за судења за 27 април и за април и мај идната година за истиот случај во кој има 33 обвиненија.
Доколку идејата за амнестија и помирување е реална судиите гледајќи ја политичка реалност нема да закажуваат судења за наредните 6 месеци, тврди свиркачот. Освен ако не добиле сугестија дека помирувањето и амнестијата не се реална опција.