Австралискиот ултимејтфајтер со македонско потекло Александар „Велики“ Волкановски ја искористи прес-конференцијата по одбраната на светската титула во перолесна категорија за да го промовира македонскиот јазик преку објаснувањето на зборот влечки.
На новинарско прашање за необичното славење на одбранетиот шампионски појас во Лас Вегас со триумфот со едногласна одлука на судиите против Брајан Ортега од САД, Волкановски објасни дека пиеше пиво од „влечки“, додавајќи дека тоа е македонски збор.
Прославата на одбранетата светска круна од Волкановски, кој е Македонец по татко му роден во битолското село Беранци, ја пренесе и Ултимејт фајтинг шампионатот (УФЦ) на својот официјален налог на Твитер: