На еден од најпознатите американски и светски слависти, но и македонски лингвист Виктор Фридман од универзитетот во Чикаго, вчера му беше доделена Светската награда на хуманизмот во Охрид.
Наградата му е доделена поради трудот за поставување на македонскиот јазик на светската лингвистика мапа..
На свеченоста во куќата на Уранија на МАНУ, Фридман повтори дека македонскиот јазик постоел и ќе постои и оти тоа е реалноста.
„Јасно е дека македонскиот јазик се разликува и од српскиот и од бугарскиот на секое лингвистичко ниво, иако има сличности“, изјави Фридман.