Протечен нацрт-договор од Светската здравствена организација открива дека светот мора да биде подготвен да одговори на следна пандемија која може да биде уште посмртоносна од Ковид, предупредува професорка на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Маријана Мазукато.
Мацукато, која е и претседател на Советот на СЗО за здравствена економија за сите, во авторски текст за „Фајненшл тајм“ професорkata посочува дека е потребно да се дејствува за да се спречи тоа – со работа на нов глобален механизам за финансирање, потоа иновации кои се за општо добро, но и овозможување на бесплатната проток на иновации и информации преку границите.
Владите на земјите со низок и среден приход ќе треба да откријат како да ги добијат клучните технологии за вакцини од големите фармацевтски компании во богатите земји брзо и под разумни услови.
За време на Ковид, како што вели таа, владеел „вакцинскиот апартхејд“ и се покажало дека големите истражувања биле во служба на профитот наместо на здравјето на населението.
Загрижувачки е, сепак, што протечениот нацрт на глобалниот договор укажува дека транспарентноста на објавувањето на цените на фармацевтските производи, како и споделувањето информации и трансферот на технологија, ќе биде на доброволна основа.
„Ова би била голема грешка – истата онаа што беше направена за време на пандемијата, кога на стотици милиони луѓе ширум светот им беше оневозможена навремена вакцинација, делумно поради желбата да се максимизира профитот на неколку компании“, оценува таа.
Професорката е убедена дека е неопходна итна промена во начинот на пристап до финансии – онаа што ќе го отвори фискалниот простор што земјите во развој треба да инвестираат во здравството.
Само преку глобалната политика, заедно со финансиските и правните обврски на владите и меѓународните тела како што е СЗО, е можно да се подготви, па дури и да се спречи следната пандемија.
