Сè уште не слушнавме дистанцирање од официјален македонски извор за тоа што е кажано за Бугарија, изјави министерот за надворешни работи Светлан Стоев по повод изјавите на Драган Ѓуровски од Унијата насили на ВМРО-ДПМНЕ, во која тој дава навредливи изјави и вулгарни квалификации кон Бугарија.
Веќе следниот ден, бугарското Министерство за надворешни работи официјално го осуди кажаното, наведувајќи дека ваквите провокации се косат со сите основни европски принципи и норми на политичко однесување, пренесува БГНЕС.
Бугарскиот технички министер вели дека процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ не е само желба на ЕУ, туку мора да има докажани активности од страна на Скопје да ги убеди не само европските партнери, туку и земјата-членка Бугарија дека тие имаат желба за билатерално решавање на проблемите што постојат и ја спречуваат Софија да даде зелено светло за почеток на преговарачкиот процес.
