Свештеник: Најсиромашната држава во Африка доби вакцини, за Македонија нема

Отецот Филип Иванов, свештеник на Евангелската црква од Велес открива дека Демократска Република Конго – најсиромашната, најнестабилната и најразорената земја во Африка, обезбедила ДВА МИЛИОНИ дози вакцини а за Македонија се уште нема таква можност.

Отецот кој бил во ДР Конго се прашува како е можно ваква распадната држава да добива вакцини а членка на НАТО и кандидат за ЕУ да е оставена настрана.

Целиот пост на отецот Иванов:

“Пред неколку недели, преку веќе фамозниот КОВАКС систем, за кој нас секојдневно ни кажуваат дека не функционира, па затоа сме запоставени во тој поглед…

Во Конго сум бил, и најкраткиот опис за земјата е пост-апокалипса. Земја и народ кои живеат сценарио бетер од она на Mad Max, каде што банди бунтовници секојдневно крадат, силуваат и убиваат сè пред себе, додека едни од најкорумпираните власти на Земјата учествуваат во тоа подеднакво, само што првиве роварат ноќе, а вториве дење. Статистички, секој месец повеќе од 10.000 луѓе гинат во тие масакри и борби кои се водат за сè и сешто, од вода и храна, па сè до минерали и скапоцени метали. Болестите како ебола, маларија, тифус, денг и еден куп други им се постојана реалност. За тоа дека Букаву, градот во кој бев е rape capital of the world да не ни почнувам…

Е, сега, ваква „никаква“ држава, географски и политички надвор од Европа, без членство во НАТО, успеа да дојде до милиони вакцини за своето население, додека ние, благонадежниот „пример“ за напредок, разрешување конфликти, добрососедство и „штотијазнам“ сè друго од тие Европски „вредности“ – останавме на една обична НУЛА!

Ете, тие сме и таму сме кај што сме, толку…

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4026411450744686&id=100001276120769