Четворицата полицајци кои го спроведувале затвореникот М.Б кој синоќа избега, како и командирот кој ја издал наредбата, се суспендирани од работа, потврдуваат од Министерство за правда за А1он.

Полицајците се наоѓаат на распит во Обвинителство, а потоа ќе бидат спроведени и пред судија на претходна постапка. Неофицијално, за нив ќе се бара притвор, поради сомнеж дека акцијата за бегството била испланирана, но и индиции за влијание на сведоци и нивна недостапност за органите на прогонот.


“А1он” објави дека Срѓан Димитриевски е командирот кој бил на смена вчеравечер во „Идризово“. Димитриевски претходно бил осуден за примање мито како полициски службеник од МВР.

За затвореникот по кој е распишана меѓународна потерница се верува дека по „грабнувањето“ во претходно организирана акцијае пренесен во Косово.